Ким Кардашијан веднаш по разводот улови млад милијардер ФОТО

884

Во меѓувреме, Ким Кардашијан и Канје Вест и официјално се разделија, но овие кадри даваат увид во внатрешната драма на славната старлета и борбата да се одржи бракот.

Но, очигледно, целата тага е зад атрактивната бринета… Ким излегува повеќе од кога било, а се шпекулира дека фрлила око на друг маж.






Имено, на крајот на мај таа била една од гостите на луксузната роденденска забава на британскиот милијардер Џејми Рубен. На холивудските кулоари се шпекулира дека Ким не била на оваа забава само како пријателка, туку и дека меѓу нив има и љубовни искри.

Имено, Џејми го нарекуваат „најмистериозниот ерген за Лондон“, а за него не се знае многу. Но, сигурно е дека тој ќе наследи богатство од 26 милијарди долари и може да се пофали со доста влијателни пријатели како принцезата Беатрис, Парис Хилтон и Скутер Браун.

Рубен е згоден ерген на околу 30-ти години, а списанието „Татлер“ минатата година го опиша како „совршен материјал за брак“. Тој во моментот е генерален директор на семејната компанија, а кратко прокоментирал зошто толку многу се обидува да ја заштити својата приватност.

 

Kim Kardašijan

Поврзани содржини