Членката на најпознатото реално семејство во светот, Ким Кардашијан Вест, реши да ја почести својата армија од 168 милиони обожаватели на Инстаграм со серија заводливи фотографии во знакот на змискиот принт, но многу од нив не го пропуштија фактот дека таа неславно се поиграла и со бројните можности на фотошопот.
Американската старлета Ким објави фотографија на својот инстаграм-профил на која, покрај нејзините две раце, ѕиркаат прсти од трета рака во нејзината коса.
Веднаш по објавената фотографија, следбениците на социјалните мрежи почнаа да ѝ се потсмеваат и да ја критикуваат нејзината „вештина“ во фотошопирањето на објавените фотографии.
Имено, станува збор за фотографија со која старлетата ја рекламира новата колекција на својот бренд, а на спорната фотографија, и покрај тоа што двете раце ѝ се испружени на ѕидот, ѕиркаат екстра нокти со маникир со змиска кожа во нејзината коса.
Venomousss pic.twitter.com/ybc8Q1u7yD
— Kim Kardashian West (@KimKardashian) May 4, 2020
You left an extra hand in your hair 😐 pic.twitter.com/EmXCNpPmQ1
— Ferris Wheel 🎡 (@NicolaFerris) May 4, 2020
FOTO/Tviter/Instagram