КИМ КАРДАШИЈАН ИМА АНЕВРИЗМА НА МОЗОКОТ Реалити ѕвездата ја откри дијагнозата за време на промоцијата на новата сезона од нејзиното шоу
Американската медиумска ѕвезда Ким Кардашијан објави дека ѝ е дијагностицирана аневризма на мозокот, објавија американските медиуми
За време на промоцијата на седмата сезона од реалното шоу „Кардашијанки“, кое премиерно се емитува на Hulu, реалити ѕвездата Ким Кардашијан откри дека ѝ била дијагностицирана аневризма на мозокот.
Не е познато дали Кардашијан страдала од симптоми на состојбата, како што се силни главоболки, гадење, вкочанет врат или заматен вид, или не, пишуваат медиумите.
Ројтерс не можеше веднаш да ги потврди извештаите бидејќи агентот на Кардашијан не бил веднаш достапен за коментар, како и нејзините публицисти или нејзиниот адвокат.
Порано оваа година, Ким Кардашијан сведочеше на судењето на бандата таканаречени „дедовци-крадци“, обвинети дека ѝ украле накит во вредност од милион евра под закана со оружје за време на Неделата на модата во Париз во 2016 година.