Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан и нејзиниот сопруг музичарот Канје Вест се развеле, пренесуваат медиумите.
По седум години во брак Ким и Канје одлучиле да се разделат.Според Асошиетед прес Ким го поднела барањето за развод од познатиот музичар и продуцент.
– Разделбата е пријателска, нема драма – изјавил анонимен извор близок до двојката .
Ким и Канје инаку врската ја започнале во 2012 година, од 2014 беа во брак и имаат четири деца.