📷 КИМ КАРДАШИЈАН ГО ПРОСЛАВИ 44-ТИОТ РОДЕНДЕН ВО „ГОЛ“ ФУСТАН Старлетата ги покажа бујните облини
Креацијата одлично го оцртува нејзиното тело, што не пропуштија да го забележат многу следбеници на најпознатата светска старлета, па снимките брзо се проширија на социјалните мрежи.
Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан го прослави својот 44 роденден во „гол“ фустан кој предизвика големо внимание на социјалните мрежи. Фустанот се состои од проѕирен беж фустан над кој Ким носеше боди во боја на кожа. Креацијата одлично го оцртува нејзиното тело, што не пропуштија да го забележат многу следбеници на најпознатата светска старлета, па снимките брзо се проширија на социјалните мрежи.
Во чест на својот роденден, Ким на купувачите на нејзиниот бренд за убавина СККН бај Ким им даде 44 отсто попуст на нејзините „омилени производи“.
Ким Кардашијан, родена на 21 октомври 1980 година во Лос Анџелес, Калифорнија, е една од најпознатите медиумски личности, претприемачи и ријалити ѕвезди на денешницата. Нејзиното целосно име е Кимберли Ноел Кардашијан, а потекнува од ерменско-американско семејство. Нејзиниот татко беше Роберт Кардашијан, познат адвокат кој беше дел од тимот на одбраната во судскиот процес О. Џ. Симпсон. Нејзината мајка е Крис Џенер, која исто така одигра клучна улога во медиумската кариера на нејзините деца.
Иако Ким првично стана позната како пријателка и стилистка на богатата наследничка Парис Хилтон, нејзиниот глобален пробив започна во 2007 година, кога протече приватно видео од нејзината интимна врска со поранешното момче Реј Џеј. Истата година, нејзиното семејство го лансираше реалното шоу „Во чекор со Кардашијан“на телевизиската мрежа „Е!“, кое набрзо стана глобален хит. Шоуто го следеше секојдневието на семејството Кардашијан-Џенер, а со текот на годините се разви во вистинска медиумска сензација, лансирајќи ги сите членови на семејството во ѕвездената орбита.
Ким зад себе има неколку брака, меѓу кои, најпознат е со раперот и дизајнер Канје Вест, со кого има четири деца.