КИМ КАРДАШИЈАН ЈА ПОБЕДИ ХИЛАРИ КЛИНТОН Во квиз по право (ВИДЕО)

Како што пишува магазинот „Пипл“, ријалити ѕвездата се соочила Хилари Клинтон која студирала право на Јејл на тестот за знаење од областа на правото.

224

Ким Кардашијан и Хилари Клинтон го одмерија своето знаење во областа на правото, а на крајот победничка излезе ријалити ѕвездата, победувајќи ја Хилари со 11:4.

Како што пишува магазинот „Пипл“, ријалити ѕвездата се соочила Хилари Клинтон која студирала право на Јејл на тестот за знаење од областа на правото. Битката меѓу двете познати жени и резултатите се откриени во новото шоу на Клинтон, Gutsy, кое ќе се појави на Apple TV+ следниот месец.






Иако можеби било голем предизвик за Ким да се натпреварува против Хилари, која била прв партнер во адвокатската фирма Роуз Арканзас пред да стане прва дама на американската дипломатија, ријалити ѕвездата на крајот ја победи со 11-4. Ким и Хилари биле испрашувани за сè, од употреба на смртоносна сила и вооружен грабеж до кога е дозволена самоодбрана.

Ќерката на Клинтон, Челзи, на програмата сугерирала дека Ким би можела да има неправедна предност бидејќи неодамна студирала и го положила „бејби барот“, испит за студенти по право во прва година што е потребен за потенцијалните адвокати во Калифорнија кои не посетуваат акредитирани пост-средношколски студии, додека нејзината мајка со години не се занимавала со адвокатура.

Хилари рече дека загубата е „срцепарателна“. Таа открива и дека додека Ким гостувала во нејзиното шоу, тие најмногу зборувале за нејзината работа во реформите во затворскиот систем.

„Не ја интервјуиравме за модата и нејзиниот личен живот. Ја интервјуиравме за тоа што прави за да им помогне на луѓето кои биле неправедно затворени да добијат втора шанса“, рече Хилари, според Ladbible.

„Таа е многу свесна дека како славна личност може да направи и позитивна разлика, но и негативна. Никогаш не сака да направи негативна разлика, па затоа беше разумна и промислена кога, каде и како ќе се ангажира. Навистина импресивно. Посакувам, дури и надвор од оваа серија, да направам сѐ што можам за да ѝ помогнам во таа работа“, рече Челзи.

Во 2018 година, Ким ја започна својата работа помагајќи да се ослободи Алис Мари Џонсон, која била осудена на доживотен затвор поради обвиненијата за поседување дрога, според CBS News. Во мај истата година, Ким се сретнала со тогашниот претседател Доналд Трамп во Овалната соба за да разговара за нејзиното помилување. Еден месец подоцна Алиса била ослободена, откако отслужи 21 година зад решетки.

Поврзани содржини