Ким и Канје сакаат да му земат 10 милиони долари на поранешниот телохранител

617

Старлетата Ким Кардашијан и нејзиниот сопруг Канје Вест му се заканиле на поранешниот телохранител со тужба поради фактот дека јавно изнесувал интимни работи за брачниот пар.

Имено, тие двајца тврдат дека Стив Станулис изнел низа лажни информации за нив, а со тоа го прекршил и договорот за доверливoста на информациите, кој го потпишал пред да почне да работи за раперот.






Телохранителот навел дека Ким и Канје даваат беден бакшиш, но и тоа дека тие му се едни од најомразените клиенти со кои работел.

Брачниот пар му се закани со тужба од 10 милиони долари доколку повторно јавно зборува за нивниот однос и живот.

 

 

Поврзани содржини