📷 КИМ ГРАДИ НУКЛЕАРНА ПОДМОРНИЦА ОД 8.700 ТОНИ Градилиштето го посети со неговата ќерка Џу Ае

Проектот за подморница е дел од напорите на владејачката партија за модернизација на морнарицата на Северна Кореја, што е една од петте клучни политики што партијата ги спроведува за зајакнување на воените капацитети на земјата, според KCNA.

132

Северна Кореја гради нуклеарна подморница  од 8.700 тони. Градилиштето го посетил и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун  заедно со својата ќерка која се смета за „потенцијален наследник на функцијата“, објави севернокорејската агенција  KCNA.

Според агенцијата, лидерот на земјата го посетил градилиштето на нуклеарна подморница опремена со стратешки наведувани ракети, каде што доби извештај за напредокот на работата.






Проектот за подморница е дел од напорите на владејачката партија за модернизација на морнарицата на Северна Кореја, што е една од петте клучни политики што партијата ги спроведува за зајакнување на воените капацитети на земјата, според KCNA.

Агенцијата додаде дека Ким предложил реорганизација на морнарицата и формирање на нова единица.

Фотографија од KCNA го прикажува Ким на градилиштето на подморницата со неговата ќерка Џу Ае.

По самитот во Гјонгџу кон крајот на октомври, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе ѝ дозволи на Република Кореја да изгради подморница на нуклеарен погон.

Поврзани содржини