КИЛОМЕТАРСКИ КОЛОНИ ЗА БЕНЗИН ВО ФРАНЦИЈА Возачите останаа без гориво (ВИДЕО)

Како што јави Франс 24, во петокот наутро се направила колона долга стотици метри на бензинска пумпа во предградието на Париз.

590

Во Франција поради штрајковите на работниците „пресушија“ многу бензински пумпи, што доведе до создавање километарски колони возила.

Според граѓаните на Франција, хаосот трае цели три недели.






– Започна пред околу 20 дена. Доаѓаш до пумпата, нема бензин. И тогаш почна да се случува сѐ почесто. Помалку е страшно на автопатот, каде што сè уште може да се најде. Секогаш е скапо. Колоните на автопатот се во должина од два до три километри. Луѓето стојат на лентата за застанување и чекаат да им дојде редот – изјави граѓанин за француските медиуми.

Како што јави Франс 24, во петокот наутро се направила колона долга стотици метри на бензинска пумпа во предградието на Париз.

– Чекаме еден час. Не знам што ќе правиме – рече еден возач, чиј автомобил останал без гориво.

Недостигот од гориво ги погодува бензинските пумпи ширум Франција, предизвикувајќи фрустрација и долго чекање кај возачите додека штрајкот на работниците влегува во 12-ти ден. Претседателот Емануел Макрон повика на смиреност.

Поврзани содржини