🎥 КИЛОМЕТАРСКИ КОЛОНИ НА „ПРЕШЕВО“ На снимката со гужвата ѝ нема крај

809

Сите оние кои патуваат кон југот на Балканот, особено кон Македонија и кон Грција, повторно се соочуваат со долги колони и чекање на граничниот премин Прешево. Според сведоштвата на патници кои утрово ја минувале границата, состојбата е алармантна.

„Гужва на Прешево на заминување од Србија. Не можам да проценам колку километри, почнав да снимам само после граница ама погледнете ги мапите пред тргнување, проверете… или одете во Прохор или низ цела Бугарија“, напиша една корисничка на Фејсбук, која објави и видео на кое се гледаат километарски колони од возила.






Таа додава дека чекала околу еден час само за да влезе во Србија, а ситуацијата за излез, како што вели, е уште полоша.

Според неа, единствено решение во вакви ситуации е да се користат алтернативни гранични премини, како Прохор Пчињски или рути преку Бугарија, за да се избегнат непотребни доцнења и нервози.

Овие гужви се очекувани во летниот период, особено за време на викендите и пред почетокот на сезоната на одмори, кога илјадници патници се упатуваат кон Грција и кон Албанија. Ваквата слика не е нова – секое лето се повторуваат слични проблеми со долги редици и непредвидливо чекање, особено на граничните премини Прешево и Табановце.

Видеото погледнете го ТУКА.

Поврзани содржини