Километарски колони на бугарско-грчката граница

733

Колони возила од три километри имало претпладнево на граничниот премин Промахонас за влез од Бугарија во Грција, објави грчката телевизија „Скај“.

Во поголемиот дел, туристите се од Бугарија и Србија, а во Грција доаѓаат на неколкудневен одмор.






На граничниот премин секојдневно има и претставници на Националната организација за јавно здравје на Грција, кои прават тестови по случаен избор за Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Според информациите на „Скај“, од 15 јуни кога се отвори граничниот премин, поминале 130.000 државјани на Европската унија и 14.000 државјани на трети земји, а мнозинството од нив се Срби.

Поврзани содржини