„Килибарната соба“ е близу до местото од каде што е украдена! (ВИДЕО)

„Килибарната соба“, која Германците ја украдоа од Царското село во септември 1941 година, последен пат беше видена во Калининград, тогашен Кенинсберг.

916

Полски експерти ќе го испитаат местото каде потонал германскиот брод „Карлсруе“ од времето на Втората светска војна, со кој Германците, како што се претпоставува, ја пренеле познатата „Килибарна соба“, украдена од Русија.

Нуркачите ќе се спуштат на дното на морето крај брегот на Гдањск кон крајот на мај. Тие ќе поминат десет дена на таа локација, а целта е да се истражи внатрешноста на бродот во кој се чуваше „Килибарната соба“ во последната година од војната.






Планот е да се најдат што повеќе артефакти и да се направи документација за нив.

Полските власти ќе организираат дополнителна експедиција за извлекување на делови во случај нуркачите да откријат нешто од посебно историско значење.

Бродот беше потопен на 13 април 1945 година, потсетува „Дејли меил“.

„Килибарната соба“, која Германците ја украдоа од Царското село во септември 1941 година, последен пат беше видена во Калининград, тогашен Кенинсберг.

Остатоците од бродот „Карлсруе“ на дното на Балтичко Море, недалеку од градот Устка, е на длабочина од 88 метри, беа пронајдени минатата година по повеќе од 12 месеци потрага.

Собата направена од шест тони килибар и обложена со скапоцени камења и злато, како подарок ја доби рускиот цар Петар Велики од прускиот владетел Вилхелм Први како залог на пруско-рускиот сојуз во војната против Швеѓаните.

Нејзиното производство траело десет години, а пред да го украдат Германците, тоа било во замокот Катерина Прва, сопругата на Петар Велики.

Кураторите задолжени за тоа се обидоа да ја сокријат килибарната соба, но Германците ја открија и ја запленија. Потоа ја префрлија на делови во Кенинсберг, каде повторно ја изложија.

Сепак, по ослободувањето на Калининград и повлекувањето на Германците, на „Килибарната соба“ и се изгуби секаква трага.

Затоа историчарите сметаат дека токму бродот „Карлсруе“ бил користен за тајно пренесување во Германија.

Поврзани содржини