Кил по четврти пат се искачи на европскиот ракометен врв

Германскиот гигант дојде до својата чеврта титула победувајќи ја Барселона.

253

Со триумфот над фаворизираната Барселона од 33:28, германски Кил го освои пехарот во ракометната Лига на шампиони.

Шпанскиот првак постојано бркаше негатива во „Ланксес“ арената, а Кил со одлична игра во одбрана и со помош на расположениот Ландин на голот, уште на полувреме поведе со 19:16.






Во 41. минута, бундеслигашот првпат поведе со пет голови позитива (25:20) и најави дека Барселона ќе има тешка работа да го елиминира заостанувањето, а избраниците на Чави Пасквал се приближија до 29:26, но нереализираниот обиди преку Фабрегас и Абелјо значеа испуштена последна шанса да се фати резултатски приклучок.

Во последните четири-пет минути Кил не дозволи неизвесност и драма и на крајот заслужено славеше со 33:28.

Барселона останува на осум, додека Кил сега има четири европски титули, а тренерот Филип Јиха стана првиот кој ја освоил ЛШ како играч и тренер со ист тим.

Во офанзивниот дел, најзаслужни за победата беа Екберг со 8 и Сагосен со 7 голови, додека Ландин забележа 14 одбрани. Во редовите на Барселона, Абелјо стигна до 10 голови, Мем беше задржан на 4 погодоци, а целосно потфрли Палмарсон со 1 гол од 5 обиди.

Поврзани содржини