Туристите да ги почитуваат правилата и здравствените протоколи исто како што тоа го сторија Грците – побара министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас за време на неговата посета на Крит, јави дописничката на МИА од Атина.
– Како што внимаваа моите сограѓани и ги почитуваа мерките, создадоа таква култура што земјата успеа и стана пример, не би сакал сега да го расипеме тоа и барам, истото да го сторат и нашите туристи. Да ја почитуваат нашата земја, – рече Кикиљас, додавајќи дека треба да се почитуваат здравствените протоколи за да нема голем број случаи на Ковид-19.