КИЕЗА СЕ ВРАЌА ВО ИТАЛИЈА, АМА ВО КОЈ КЛУБ? Аталанта и Наполи „загризаа“ за фудбалерот на Ливерпул

Британските медиуми пишуваат дека Наполи бил заинтересиран за Киеза во текот на летниот преоден рок, но италијанскиот фудбалер на крајот решил да премине во Ливерпул.

232

Пред неколку дена медиумите во Италија пишуваа дека челниците на Аталанта се заинтересирани за фудбалерот на Ливерпул, Федерико Киеза, а сега е објавено дека клубот од Бергамо добил силна конкуренција.

Според информациите, и Наполи е заинтересиран за играчот од „Енфилд“ и италијански репрезентативец, кој не успеа да го докаже својот квалитет во Англија.






Киеза (27) пристигна во Ливерпул на крајот на август годинава од Јувентус, но имаше проблеми со повреда, па од почетокот одигра само четири натпревари во сите натпреварувања, а на теренот мина едвај 123 минути.

Британските медиуми пишуваат дека Наполи бил заинтересиран за Киеза во текот на летниот преоден рок, но италијанскиот фудбалер на крајот решил да премине во Ливерпул.

Раководството на Наполи планира да го ангажира Киеза на позајмица до јуни следната година со можност за откупување на договорот на крајот од сезоната.

Поврзани содржини