КИЕЗА ПОТПИША ЗА ЛИВЕРПУЛ Италијанецот замина од Јувентус за 12 милиони евра

Дваесет и шестгодишниот фудбалер успешно го помина лекарскиот преглед и потпиша долгорочен договор со „Мерсисајдерите“. 

329

Премиерлигашот Ливерпул денес објави дека потпишал договор со напаѓачот на Јувентус и Италија, Федерико Киеза.

Дваесет и шестгодишниот фудбалер успешно го помина лекарскиот преглед и потпиша долгорочен договор со „Мерсисајдерите“.






Според порталот Трансфермаркт, Ливерпул за напаѓачот платил 12 милиони евра.

Киеза игра за Јувентус од летото 2022 година. Фудбалерот одигра 131 натпревар за италијанскиот тим, постигна 32 гола и направи 23 асистенции.

Поврзани содржини