🎥 КИЕВ ТВРДИ ДЕКА ПОГОДИЛЕ РУСКИ ТАНКЕР ВО СРЕДОЗЕМНОТО МОРЕ Целта е оддалечена 2.000 километри од Украина

Извор наведува дека украинските беспилотни летала го погодиле танкерот „Кендил“, кој е дел од руските таканаречени „флоти во сенка“ - групи на застарени танкери со кои Москва, и покрај западните санкции, го одржува извозот на сурова нафта.

0

Украина за прв пат изврши напад врз руски танкер во Средоземното Море, изјави извор од украинската разузнавачка служба за Ројтерс.

Според тој извор, украинските беспилотни летала го погодиле танкерот „Кендил“, кој е дел од руските таканаречени „флоти во сенка“ – групи на застарени танкери со кои Москва, и покрај западните санкции, го одржува извозот на сурова нафта.






Нападот бил извршен во води оддалечени повеќе од 2.000 километри од Украина, а танкерот претрпел критична штета, според изворот.

Во времето на нападот, бродот бил празен. Ројтерс забележува дека досега нема независна потврда за наводите од украински извори, ниту реакција од руска страна.

Поврзани содржини