КИЕВ ТАЈНО ДОБИВАЛ АНТИРАДАРСКИ РАКЕТИ ОД САД? Ги нема на списокот на воена помош, а се суперефикасни во војната

Од Политико имале пристап до официјалното известување за новиот пакет воена помош, што администрацијата го достави до Конгресот на САД. Во тој документ, според весникот, се нагласува дека оружјето што Вашингтон му го доставува на Киев „не е ограничено“ само на она што е напишано во списокот.

568

Американските власти му доделиле на Киев повеќе оружје отколку што најави американската администрација, пишува познатиот портал Политико. Во текстот се споменува дека минатиот петок висок претставник на Пентагон на прес-конференција признал дека САД веќе извесно време ја снабдуваат Украина со антирадарски ракети „Харм“, без да го соопштат тоа во јавноста. Дали се тоа ракетите со кои Украинците извршија серија напади на Крим?

– Кога првпат објавивме дека испорачуваме ракети „Харм“, не дадовме конкретни информации за тоа. Тоа го опишавме како испорака на антирадарски системи – рекол тој функционер, пренесува Спутник.






Подоцна и порталот Јаху њуз пишуваше за можноста САД да ѝ предале оперативно-тактички балистички ракети со наведување ATACMS на Украина.

„Не е јасно дали е тоа така, но ако е вистина, тогаш тоа е во спротивност со она што го објави администрацијата (на САД)“, забележува Политико. Изворите за Политико изјавиле дека тие ракети се во новиот пакет воена помош за Киев, кој беше објавен на крајот на минатата недела, а артилериски ракети за наведување Екскалибур.

Сепак, тие не биле наведени во официјалното соопштение на Пентагон, кое содржи список на оружје во новата транша од воената помош.

Од Политико имале пристап до официјалното известување за новиот пакет воена помош, што администрацијата го достави до Конгресот на САД. Во тој документ, според весникот, се нагласува дека оружјето што Вашингтон му го доставува на Киев „не е ограничено“ само на она што е напишано во списокот.

„Признаваме дека тоа се само претпоставки. Никој од администрацијата не потврди ниту навести постоење на тајни испораки на оружје за Украина. Дури и да ги има, тешко дека американските власти би ни кажале дека постои таква тајна одлука“, заклучува весникот.

Поврзани содржини