КИЕВ СЕ ВКЛУЧИ ВО ОГНОТ НА БЛИСКИОТ ИСТОК Украинците ги поддржаа нападите врз Иран

Во обраќањето до јавноста, МНР на Украина истакнува дека Иран не е само регионален безбедносен предизвик, туку и активен сојузник на Русија во нејзината инвазија врз Украина.

2,442

Украина отворено ги поддржа американско-израелските напади врз иранските нуклеарни постројки, оценувајќи ги како неопходни мерки против дестабилизирачката политика на Иран.

– Мерките преземени од САД, заедно со Израел, против иранските нуклеарни постројки испраќаат јасен сигнал до иранскиот режим – дека е неприфатливо тој да продолжи со својата политика на дестабилизација на безбедносната ситуација на Блискиот Исток – велат од украинското Министерство за надворешни работи.






Во обраќањето до јавноста, МНР на Украина истакнува дека Иран не е само регионален безбедносен предизвик, туку и активен сојузник на Русија во нејзината инвазија врз Украина.

– Иран е соучесник во агресијата врз Украина и на Москва ѝ обезбедува воена поддршка, вклучително и дронови кои се користат за напади врз украински градови – велат од МНР.

Со оваа изјава, Киев јасно го поврзува иранскиот ангажман на Блискиот Исток со сопствената безбедносна борба на европско тло, алудирајќи на поширока мрежа на закани кои бараат координиран одговор од западните сојузници.

Поврзани содржини