КИЕВ ПАК ЌЕ БИДЕ ЦЕЛ НА РУСИТЕ, АМА НЕ ИМ ДАВАМЕ ТЕРИТОРИЈА! Кличко дал интервју пред уништена зграда

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко го дал интервјуто пред уништената станбена зграда која пред неколку дена била погодена од руски проектил. Притоа, тој го повикал Западот да ја зајакне својата поддршка за Украина.

496

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко изјавил дека главниот град на Украина повторно би можел да стане цел на руските копнени сили, известува германскиот Билд.

– Киев беше и останува цел на (рускиот претседател Владимир) Путин бидејќи главниот град е срцето на земјата. Но, сега сме многу подобро подготвени за тоа одошто пред 2 години. Ако Путин ја донесе таа одлука, тоа ќе биде крвава одлука – изјавил Кличко.






Кличко го дал интервјуто пред уништената станбена зграда која пред неколку дена била погодена од руски проектил. Притоа, тој го повикал Западот да ја зајакне својата поддршка за Украина.

– Итно ни треба повеќе противвоздушна одбрана, повеќе противвоздушни ракети – потенцирал градоначалникот на Киев.

Тој одговорил и на коментарите на некои западни политичари за преговорите или т.н „замрзнување на војната“.

– Тоа е погрешен став. Наместо тоа ни треба поголема поддршка. Нема да ѝ дадеме на Русија никаква територија. Нема компромис за тоа – додал Кличко.

Поврзани содржини