КИЕВ ПАЃА ЗА ЧЕТИРИ ДЕНА? Американците велат дека Русите добиваат засилување

Руските сили се концентрираат во источните, северозападните и западните предградија на Киев за напад врз главниот град во наредните 24-96 часа, вели американскиот Институт за проучување на војната, ИСВ.

4,368

Руските сили се подготвуваат да го нападнат Киев во наредните денови, според анализа на Институтот за проучување на војната (ИСВ).

Американскиот воен тинк-тенк верува дека „руските сили се концентрираат во источните, северозападните и западните предградија на Киев за напад врз главниот град во наредните 24-96 часа“. Руските сили, зафатени со логистички проблеми, речиси не напредуваа изминатите денови, но ИСВ смета дека тие „добиваат резерви и засилувања, како и изведуваат артилериски, воздушни и ракетни напади за да ја ослабат одбраната и да ги заплашат бранителите пред таков напад“.






Ова може да го навести почетокот на критичниот момент во војната, пишуваат аналитичарите во најновиот дневен преглед.

Прерано е да се процени колку ќе биде ефективен рускиот обид да го заврши опколувањето на Киев или да го заземе градот во овој момент. Ако руските трупи успеале да се снабдуваат, реорганизираат и да планираат намерни и координирани истовремени операции долж неколкуте оски на напредување околу и во главниот град, тие може да бидат поуспешни во оваа операција отколку во претходните неколку обиди да се заземе главниот град на Украина.

 

Поврзани содржини