КИЕВ НУДИ „ШВЕДСКА НЕУТРАЛНОСТ“ ЗА УКРАИНА Нова верзија на државата, со сопствена војска и морнарица (ВИДЕО)

Украина нуди австриска, шведска верзија на неутрална демилитаризирана држава, но во исто време и држава со своја војска и морнарица. Сите овие прашања се дискутираат на ниво на раководството на руското и на украинското министерство за одбрана, изјави Медински за новинарите.

2,046

Помошникот на рускиот претседател Владимир Путин, Владимир Медински рече дека Киев нуди австриска или шведска верзија на неутралност за Украина, пишува Б92.

– Украина нуди австриска, шведска верзија на неутрална демилитаризирана држава, но во исто време и држава со своја војска и морнарица. Сите овие прашања се дискутираат на ниво на раководството на руското и на украинското министерство за одбрана – изјави Медински за новинарите.






Темата за денацификација на Украина останува на преговарачка маса, појасни Медински.

– Темата за денацификација и построго казнување за величање на нацизмот, неонацизмот, екстремизмот сè уште е важна точка на преговарачката агенда – рече тој, како еден од условите на Москва.

Шефот на руската делегација потсети дека „Украина се уште има неутрален статус“, пишува Телеграф.

– Украина се повлече од Советскиот Сојуз во 1991 година под услов на неутралност, а таа неутралност е запишана во Декларацијата за суверенитет на Украина – нагласи тој.

Медински потсети кои се најважните прашања за Москва.

– Секако, клучното прашање за нас е статусот на Крим и Донбас, како и хуманитарните прашања, вклучително и денацификацијата, правата на населението што зборува руски и статусот на рускиот јазик и така натаму – рече тој.

Истовремено, Медински ги демантираше изјавите од Киев за исклучување на точката за денацификација на Украина од преговарачката агенда.

Друг член на руската делегација изјави и дека преговорите со Киев се тешки и бавни, но дека ставот на Москва не е променет. Тој нагласи дека „буквално секоја бројка, секоја буква во договорите се разговара со украинската страна со посебно внимание“.

– Сакаме ова да биде договор со генерации, за нашите деца да живеат во свет чии темели се поставени со овој договорен процес – објасни Медински.

Поврзани содржини