КИЕВ НЕМА ДА ПРИФАТИ „МИНСК 3“ Украина се противи на замрзнат конфликт, бара ЕУ да се вклучи

Нема да прифатиме замрзнат конфликт, а нашите американски партнери исто така се против такво сценарио. Против сме „Минск 3“, а Европа ќе биде вклучена во мировниот процес, рече шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак.

804

Украина нема да прифати сценарио на замрзнат конфликт со Русија и нема да дозволи нова верзија на договорите „Минск“, изјави шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак.

– Нема да прифатиме замрзнат конфликт, а нашите американски партнери исто така се против такво сценарио. Против сме „Минск 3“, а Европа ќе биде вклучена во мировниот процес – рече Јермак.






Тој потенцираше дека Украина и САД се согласиле претставници од Европа неизоставно да учествуваат во мировните преговори.

Поврзани содржини