КИЕВ И ЛОНДОН ЌЕ БИДАТ ПАРТНЕРИ И ВО СЛЕДНИТЕ 100 ГОДИНИ Британскиот премиер му ја нуди „најсилната можна позиција“ на Зеленски
Посетата на британскиот премиер доаѓа само неколку дена пред Доналд Трамп да влезе во Белата куќа, што може да се гледа како промена во поддршката на САД за воените напори на Украина во корист на притисок за мировен договор со Русија, пишува Дејли Телеграф.
Британскиот премиер Сер Кир Стармер вети дека ќе ја стави Украина во „најсилната можна позиција“ во 2025 година посетувајќи го Киев за првпат откако е на функција. Стармер пристигна во земјата рано утринава на разговори со Володимир Зеленски за да го открие новото 100-годишно партнерство меѓу Велика Британија и Украина, јавува Дејли Телеграф.
Договорот вклучува одбранбена и научна соработка и, според британската влада, треба да создаде нови врски меѓу двете нации.
Посетата на британскиот премиер доаѓа само неколку дена пред Доналд Трамп да влезе во Белата куќа, што може да се гледа како промена во поддршката на САД за воените напори на Украина во корист на притисок за мировен договор со Русија.
– Многу е важно да се осигураме дека Украина е во најсилната можна позиција – изјави Стармер за медиумите откако пристигна.
Заедно со Зеленски тој им даде отчет на паднатите херои на Украина.
Mykhailivska Square. Together with the Prime Minister of the United Kingdom, @Keir_Starmer, we commemorated the fallen defenders of Ukraine.
We honor and remember the heroic deeds of our warriors. May the memory of all those who gave their lives defending Ukraine be eternal. pic.twitter.com/BWLofYozzX
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) January 16, 2025
Со договорот Украина и Велика Британија треба да ја засилат воената соработка за поморската безбедност во Балтичкото, Црното и во Азовското Море за да се одврати руската агресија. Предвидена е и нова шема за верификација на жито, изградена во Велика Британија за следење на украденото жито од окупираните украински територии.
Земјите ќе соработуваат во здравството и справувањето со болестите, во земјоделските технологии, во технологијата за беспилотни летала и во вселената.