КИЕВ Е ПРЕД АПОКАЛИПСА Кличко е очаен, ги подготвува граѓаните за најлошото сценарио!

Киев останува без струја, вода и греење. Можно е да нѐ погоди апокалипса, исто како во холивудските филмови. Ќе биде невозможно да се живее на овие температури, потенцира поранешниот светски шампион во бокс.

673

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко во интервју за Скај њуз изјави дека главниот град на Украина се соочува со вистинска апокалипса доколку продолжат руските напади.

Тој рече дека не е време за целосна евакуација на населението, но предупреди дека најлошото можно сценарио не е толку далеку.






– Киев останува без струја, вода и греење. Можно е да нѐ погоди апокалипса, исто како во холивудските филмови. Ќе биде невозможно да се живее на овие температури – потенцира поранешниот светски шампион во бокс.

– Што да ви кажам? Ние сè уште се бориме и правиме сѐ за да спречиме да се случи такво сценарио – додаде тој.

Најголемиот проблем е што во моментов Киев нема доволно загреани засолништа.

– Подготвивме околу 500 загреани засолништа, но во град со 3,6 милиони жители тоа не е ништо. За жал, доколку продолжи да биде проблематично снабдувањето со електрична енергија, ќе бидеме принудени да ја исцедиме водата од зградите. На овие температури има можноста од пукање на цевките и целосното снабдување ќе биде загрозена со вода – предупреди градоначалникот на Киев.

Кличко побара од граѓаните да ги подготват најосновните работи за можна евакуација.

– Подгответе храна, вода, документи и топла облека во случај да треба веднаш да го напуштите градот – посочи тој.

Кличко, исто така, одговори на повиците на претседателот Зеленски дека Киев не е доволно подготвен за недостиг на електрична енергија и греење.

– Чудно е. Имаме заеднички непријател и почнуваме да се караме меѓу себе. Мислам дека не е време за политички конфронтации – рече Кличко.

Поврзани содржини