КИЕВ ЌЕ ПАДНЕ ВО РУСКИ РАЦЕ ЗА 96 ЧАСА Предвидувања за брз пораз на Украина

Михаил Подољак, советник во Кабинетот на украинскиот претседател вели дека целта на Москва е украинската влада, а откако таа ќе биде сменета, тие ќе се обидат да инсталираат проруска марионетска влада која ќе го потпише мировниот договор кој ќе содржи приближување на Украина кон Русија.

1,332

Украинскиот главен град Киев ќе падне во руски раце за најмногу 96 часа, пишува Њузвик, повикувајќи се на анонимни извори во американската власт. После ова сценарио тие не очекуваат уште голем отпор на украинските сили.

Според Њузвик, американските извори тврдат дека целта на Русија е да ги опколи украинските сили и да го освои брзо Киев, а на тој начин отпорот би бил скршени и владата би се предала за максимум една недела.






„Војската ќе се бори неколку дена, но немаат големи шанси“, вели изворот кој додава дека по воздушните напади ќе следува масовна копнена инвазија.

Според извори на весникот во Украина, а блиски до премиерот Володомир Зеленски, сите го очекуваат ова сценарио.

Михаил Подољак, советник во Кабинетот на украинскиот претседател вели дека целта на Москва е украинската влада, а откако таа ќе биде сменета, тие ќе се обидат да инсталираат проруска марионетска влада која ќе го потпише мировниот договор кој ќе содржи приближување на Украина кон Русија.

Инаку, вчера во Украина стапи на сила уредба со која им е забрането на мажите од 18 до 60 години да ја напуштаат земјата, а премиерот Зеленски потпиша и указ за општа мобилизација.

Поврзани содржини