КИЕВ ЌЕ ГИ ВРАТИ ЗАГУБЕНИТЕ ТЕРИТОРИИ Украина ќе стигне до ниво на воена надмоќ

Според Зеленски со сѐ поголемите резерви западно оружје, Украина ќе ги врати загубените територии, вклучително Лисичанск и другите градови во Донбас.

239

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање наведе дека Киев ќе ги врати загубените територии.

Тој ја предупреди Русија дека Украина „ќе стигне до ниво кога воената надмоќ на окупаторот ќе биде поништена“.






Според Зеленски со сѐ поголемите резерви западно оружје, Украина ќе ги врати загубените територии, вклучително Лисичанск и другите градови во Донбас.

Ќе ги вратиме благодарение на нашата тактика, благодарение на зголемената понуда на модерно оружје. Постепено одиме напред во Харковската Област. Ќе дојде денот кога ќе го кажеме истото за Донбас, посочи Зеленски.

Поврзани содржини