📽️ КИДНАПИРАНАТА МАЈКА НА ТВ-ЅВЕЗДА ЈА РАЗБРАНУВА АМЕРИКА Семејството порача „Ќе платиме“

Федералните и локалните власти во САД ја продолжуваат истрагата, без да ја исклучат можноста исчезнатата Ненси Гатри да е жива. Семејството објави видео со пораката „Ќе платиме“.

601

Тишина ја пресече Америка откако семејството на американската ТВ-водителка Савана Гатри јавно се обрати со апел до киднаперите. „Ќе платиме“, порача семејството во видео кое ја разоткри драмата зад исчезнувањето на нивната мајка, пишува Би-Би-Си.

Мајката на познатата водителка Ненси Гатри исчезнала од својот дом во Тусон. Истражителите веруваат дека станува збор за киднапирање. Камерата на влезната врата била исклучена и отстранета. Неколку часа подоцна, апликацијата поврзана со нејзиниот пејсмејкер била оневозможена. Овој редослед на настани го зацврсти сомнежот кај властите.






„Вратете ни ја нашата мајка“

Во видео објавено на Инстаграм, Савана Гатри застана меѓу братот и сестрата, со глас што се крши.

– Ја примивме вашата порака и ја разбираме. Ве молиме вратете ни ја нашата мајка за да можеме да славиме со неа – рече таа.

Потоа додаде дека семејството е подготвено да плати.

– Ова е од огромна вредност за нас. И ние ќе платиме.

Таа не откри детали за пораката што ја спомена, ниту за начинот на контакт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Savannah Guthrie (@savannahguthrie)

Исчезнување среде ноќ

Ненси Гатри не се појавила на неделната миса. Тоа веднаш ја загрижило нејзината црковна заедница. Подоцна било утврдено дека околу 2.28 часот по локално време бил прекинат сигналот од апликацијата поврзана со нејзиниот медицински уред.

Истражителите наведоа дека засега нема идентификуван осомничен или лице од интерес.

Фото: Принтскрин

Порака и милиони во криптовалути

Специјален агент на Федерално биро за истраги (ФБИ), Хајт Јанке, потврди дека се проверува можна порака за откуп испратена до неколку медиуми. Според информациите, пораката содржела рок и барана сума. Некои медиуми наведоа дека се барале милиони долари во криптовалути.

Властите соопштија дека се свесни за новите пораки и дека ја проверуваат нивната автентичност. Уапсено било едно лице поради испраќање лажна порака за откуп.

Семејството и полицијата предупредија дека Ненси Гатри може да биде во животна опасност без редовните лекови.

– Таа престана да ги зема лековите. Тие ѝ се потребни за да преживее – изјави Савана Гатри во претходна објава.

Политичка и локална реакција

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека е во контакт со семејството на Гатри и дека ставил на располагање федерална помош за истрагата. Тој наведе дека надлежните служби работат на случајот и дека постојат индикации кои се проверуваат.

Шерифот на округот Пима, Крис Нанос, изјави дека истрагата продолжува и дека властите не ја исклучуваат можноста Ненси да е сè уште жива.

– Во моментов веруваме дека Ненси е некаде таму. Сакаме да ја вратиме дома – рече тој.

Поврзани содржини