КИДНАПИРАНА ДЕВОЈКА ПО 27 ГОДИНИ ГО ПРОНАШЛА СЕМЕЈСТВОТО Случајна трага ја однела до нејзината мајка

Мексиканката Лорена Рамирез последен пат ја видела својата ќерка Хуана кога имала три години, пред детето да биде киднапирано среде бел ден.

194

Девојка од Мексико која била киднапирана на тригодишна возраст, по 27 години успеала да го пронајде своето вистинско семејство.

Лорена Рамирез последен пат ја видела својата ќерка Хуана кога имала три години, пред детето да биде киднапирано среде бел ден. Мајката и ќерката сега се повторно заедно откако една неверојатна трага и помогнала на Хуана да дознае дека киднаперите не се нејзиното вистинско семејство и да почне да ги бара своите вистински родители.






Киднаперите на детето му дале нов идентитет и возраст, бидејќи и рекле дека роденденот и бил денот кога била однесена, 1 октомври 1995 година, наместо 16 јуни три години претходно. Таа рече дека луѓето кои ја одзеле од нејзината мајка се однесувале „лошо“ со неа и дека таа побегнала од дома кога имала само 17 години за да живее со сегашниот сопруг.

– Ужасно страдав во овие 27 години – со многу емоции вели Лорена.

Тој кобен ден пред 27 години семејството уживало во паркот кога детето наеднаш исчезнало. Лорена и нејзиниот сопруг ги одне нивните три деца во Боске де Чапултепек, еден од најголемите паркови во Мексико Сити.

-Не знам дали тоа беше претчувство на мајка, но во тој момент знаев дека ќерка ми штотуку ми беше одземена. Изгубив тригодишно дете и најдов 30-годишна жена. Не ги доживеав тие фази од нејзиниот живот, тоа е дел од неа кој ми беше украден – изјавила мајката по повторното обединување.

Хуана, сега Росио, рече дека почувствувала дека некој ја фаќа за половината додека нејзините родители за момент и ја пуштале раката, а подоцна се разбудила во куќа на странец. Таа била опкружена со три мали момчиња за кои ѝ рекле дека сега се нејзини браќа.

И покрај напорите на скршените родители да го пребараат паркот, Хуана не била пронајдена. Полициските службеници подоцна му рекле на вознемиреното семејство дека мора да чекаат 72 часа пред властите да преземат каква било акција.

Наводните киднапери биле семејство од Толука, град на околу 55 километри југозападно од Мексико Сити. Многу години по нејзиното киднапирање, соседите и рекле на Хуана дека тоа не се нејзините вистински родители.

Нејзиниот сопруг подоцна ја убедил да ги истражува исчезнатите девојки во областа на Интернет. Таа тогаш наишла на фотографија од мало девојче кое впечатливо личело на неа од нејзините помлади денови.

– Имаше толку голема физичка сличност што си реков: „Јас сум таа девојка“.

Сепак, и биле потребни уште осум години пред да одлучи да го побара своето вистинско семејство.

– Секогаш кога и доаѓаше роденденот на Хуана, се молев на Бога да биде добро и да ми даде шанса повторно да ја видам – раскажува мајката.

Една од ќерките на Лорена, Марија Хозе, видела слика од малата Хуана на социјалните мрежи години подоцна. Росио ја објавила на интернет во обид да го пронајде нејзиното вистинско семејство.

По комуникацијата преку социјалните мрежи, семејството договорило Росио повторно да се соедини со нејзината одамна изгубена мајка.

– Не можев да верувам. Кога ја отворив вратата, застанав и таа влезе. Таа прегратка после 27 години… Ме виде и ми рече “ти си мојата мајка”. А јас и одговорив  “да, ти си моја ќерка исто така“ – изјави Лорена по повторното обединување.

ДНК тестот потврдил дека се мајка и ќерка. Сопружниците кои наводно ја киднапирале малата Хуана се уапсен во март и ги очекува судски процес.

Поврзани содржини