Киднапиран охриѓанец, киднаперите барале откуп од брат му
Како што е наведено во полицискиот билтен, братот на киднапираниот добил порака да даде пари за да биде пуштен негоивот брат.
На 16.04.2020 во 13.05 часот во СВР Охрид, 29-годишниот И.П. од Охрид пријавил дека од страна на непознати лица со патничко возило „фолксваген голф“ бил грабнат неговиот брат 33-годишниот Б.П. од населбата Рача, информираше Министерството за внатрешн и работи (МВР).
Како што е наведено во полицискиот билтен, братот на киднапираниот добил порака да даде пари за да биде пуштен неговиот брат.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.