КИДНАПИРАН АВСТРАЛИСКИ ПИЛОТ Во оружениот инцидент во Папуа Нова Гвинеа заробени се уште две лица
Пилотот на хеликоптерот и патниците слетале во близина на планината Сиса во провинцијата Хела, по што биле киднапирани од вооружена група соопштија од локалната полиција.
Австралиски пилот и двајца локални работници се киднапирани во оддалечените ридови на Папуа Нова Гвинеја, соопшти полицијата.
– Пилотот на хеликоптерот и патниците слетале во оддалечен телекомуникациски објект во близина на планината Сиса во провинцијата Хела, по што биле киднапирани од вооружена група – изјави Дејвид Менинг, висок претставник на папуанската полиција.
Тој посочи дека сè упатува на тоа дека тројцата затвореници се неповредени иако се киднапирани.
– Преговорите со сторителите се во тек и полицијата им се приближува – рече Менинг и додаде дека полицијата е овластена да употреби смртоносна сила против киднаперите.
Австралиското Министерство за надворешни работи не даде коментар.
Тројката беше киднапирана во истата провинција каде што пред речиси точно една година беа киднапирани австралиски археолог и двајца истражувачи од Папуа Нова Гвинеја, по што беа задржани повеќе од една недела додека за нив не беше платен откуп.
#BREAKING An Australian pilot has been kidnapped in Papua New Guinea’s highlands. https://t.co/MtElsDywRk
— ABC News (@abcnews) February 26, 2024