КИДНАПИРАЛЕ ДВАЈЦА ТИНЕЈЏЕРИ И ГИ ТЕПАЛЕ Уапсени четворица Штипјани
Четворицата ги присилиле момчињата да влезат во нивното возило, ги однеле во поодалечени места и таму ги тепале.
Четворица Штипјани се упасени под сомнение дека киднапирали и тепале две мочиња, еден на 17, а друг на 19-годишна возраст, и притоа им нанеле тешки повреди, информира МВР во редовниот билтен
„Полициски службеници од СВР Штип вчера ги лишиле од слобода О.У.(24), Б.У.(28), Ф.Ш.(20) и 17-годишен малолетник, сите од Штип. Тие се сомничат дека претходниот ден околу 17:30 часот со употреба на сила внеле 17-годишен малолетник од Штип во патничко моторно возило „сеат”, по што во близина на место викано „Мирјанина Црква” во Штип физички го нападнале, при што употребиле и тврд предмет. Исто така, тие се сомничат дека во текот на денот со употреба на сила го внеле и М.Ј.(19) од Штип во возило „сеат толедо”, а подоцна во с.Шашаварлија, штипско, физички го нападнале и му нанеле тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“ – се вели во информацијата.