Кичево: Си дошле од Австрија и не се ставиле во самоизолација

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Кичево поднесе кривични пријави против 46-годишниот Б.С. од Кичево и 62-годишниот С.А. од кичевското село Шутово, наведено е во полицискиот билтен.

876

Кривични пријави против двајца жители на Кичево и кичевско за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Кичево поднесе кривични пријави против 46-годишниот Б.С. од Кичево и 62-годишниот С.А. од кичевското село Шутово, наведено е во полицискиот билтен.






„Првопријавениот, на 18.03.2020 година околу 13.30 часот, го напуштил својот дом, иако на 17.03.2020 година, своерачно под полна морална, материјална и кривична одговорност потпишал изјава дека доаѓа од Австрија, која според Листата од СЗО е зафатена од коронавирус и дека во времетраење од 14 денови во неговиот дом во Кичево ќе спроведе задолжителна самоизолација. На 18.03.2020 година, при извршена контрола на лица со мерка „здравствен надзор и домашна изолација“, полициските службеници констатирале дека второпријавениот не се наоѓа во неговиот дом и не се придржувал кон мерките за 14-дневна самоизолација“, стои во соопштението.

Поврзани содржини