КИЧЕВО СЕ ГУШИ ВО СМОГ Стапуваат мерките за заштита

Изминатите два дена, според Министерството за животна средина, загадувањето во овој град е алармантно зголемено.

107

Министерството за животна средина информира дека изминатите два дена во Кичево се надминати дозволените вредности на загадување со ПМ 10 честички со што се прогласува алармантна состојба.

„Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови  на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, информираме дека истиот е надминат на мернoто место во Кичево“, се наведува во информацијата.






Кичево
02/01/2023 162.07
03/01/2023 160.04

*концентрациите се изразени во mg/m3

Во  соопштението од министерството за животна средина се додава дека за оваа состојба се информирани Министерстввата за  здравство и за труд и социјална политика, како и Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Институт за јавно здравје и Општина Кичево.

Поврзани содржини