Кичевец сакал да ја силува својата снаа
Два угостителски објекти од Радовиш заработиле казни поради тоа што работеле противно протоколите за заштита од ковид-19.
САКАЛ ДА ЈА СИЛУВА СНААТА – На 28.11.2020 околу 06.15 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека во семејната куќа, Ф.И.(40) се обидел да изврши обљуба на неговата снаа. Истиот ден во 07.20 часот тој бил лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ГО ПРЕТЕПАЛЕ ВО НЕГОВИОТ ДВОР – На 28.11.2020 во 13.50 часот во Полициското одделение Петровец, М.М.(40) од Скопје пријавил дека во с. Бадар, скопско, во неговото дворно место настанала физичка пресметка помеѓу него и М.П.(20) и Р.П.(45), двајцата од Скопје. Сочинети за записници за констатиран прекршок по член 11 став 1 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
ИМ НАШЛЕ МАРИХУАНА ВО КОЛА – На 28.11.2020 во 23.05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода Љ.С.(21) од Скопје и Н.М.(45) од Охрид затоа што при преглед кај нив и во возилото со кое се превезувале била пронајдена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
КАФУЛЕ РАБОТЕЛО СПРОТИВНО ПРОТОКОЛИТЕ – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш поднесе кривична пријава против правно лице од Радовиш и против Ж.В.(32) од Радовиш-одговорно лице во пријавеното правно лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 07.11.2020, при извршена контрола на угостителски објект во Радовиш, било констатирано дека било постапено спротивно на протоколите за работа на кафетерии.
ПОЖАР ВО БЛИЗИНА НА КРУШЕВО – На 28.11.2020 во СВР Битола, Ѓ.Н.(54) од Крушево пријавил дека околу 09.40 часот на место викано „Бела Вода“ настанал пожар, при што била опожарена површина со нискостеблеста дабова шума. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Крушево и Шумското стопанство „Липа“. Увид бил извршен.
МАРИХУАНА ВО ЏЕБОТ – На 28.11.2020 во 03.40 часот во Битола, полициски службеници го лишиле од слобода И.Ј.(23) од Битола затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
КАЗНА ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ПРОТОКОЛИТЕ – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш поднесе кривична пријава против правно лице од Радовиш и против Р.М.(37) од с.Раклиш, радовишко -одговорно лице во пријавеното правно лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 07.11.2020, при извршена контрола на угостителски објект во Радовиш, било констатирано дека било постапено спротивно на протоколите за работа на кафетерии.
КУПУВАЛ СО ФАЛЦ ЕВРА – На 28.11.2020 во 13.45 часот во СВР Штип, Д.Ј.(53) од Штип пријавил дека едно лице платило со фалсификувана банкнота од 20 евра во продавницата во која работел. Според пријавеното, тој ја примил банкнотата, а откако лицето излегло забележал дека е фалсификувана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
НАПАДНАТО МОМЧЕ НА „ПАРТИЗАНСКА“ – На 28.11.2020 во 15.45 часот во Полициската станица Центар, Ф.Н.(22) од Скопје пријавил дека околу 02.30 часот на бул.„Партизански одреди“ бил физички нападнат од С.Р., А.М. и уште две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ЗАПАЛЕНО КОМБЕ ВО СКОПЈЕ – На 29.11.2020 околу 03.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Герника“ настанал пожар во товарно возило „форд транзит“, сопственост на В.А.(42). Извршен е увид.