Кичевчанец пронајден мртов на патот кон Демир Хисар
На посоченото место починат бил пронајден В.Ѓ. (52) од Кичево.
Во текот на вчерашниот ден во полициската станица Кичево некаде околу 15 часот од страна на дежурен лекар од Медицински Центар било пријавено дека на регионалниот пат Кичево-Демир Хисар, во близина на с. Беласица, се наоѓа безживотно машко тело паднат од велосипед.
На посоченото место починат бил пронајден В.Ѓ. (52) од Кичево.
Од страна на доктор од Итна медицинска помош констатирана е смрт без траги на насилство. Увид на лице место извршила увидна екипа на ПС-Кичево.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.