КИЧЕЕЦ ДОБИ КАЗНА ПОД ЗАКОНСКИОТ МИНИМУМ Антикорупциска бара да се преземат мерки за судиите

ДКСК јавно ја изразува својата сериозна загриженост и ги повикува надлежните органи, а тоа се Советот на јавни обвинители и Судскиот совет да постапат во рамките на своите надлежности и да преземат соодветни мерки.

828

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска пред почетокот на одржувањето на седницата изрази сериозна загриженост, за како што нагласуваат оттаму, изрекување благи казни за сторени тешки кривични дела, особено во делот на безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Комисијата побара од надлежните институции и органи да постапат во рамките на своите надлежности и да преземат соодветни мерки по ова прашање.

– Сѐ почесто, како што бевме сведоци, има една правосудна пракса на изрекување благи казни за сторени тешки кривични дела особено во делот на безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и тоа со тешки последици. ДКСК јавно ја изразува својата сериозна загриженост и ги повикува надлежните органи, а тоа се Советот на јавни обвинители и Судскиот совет да постапат во рамките на своите надлежности и да преземат соодветни мерки. Очекуваме овие органи сериозно да се позанимаваат со постапувањето на обвинителите и судиите, особено со последниот случај за обвинетиот Кичеец каде што е изречена преблага казна по спроведеното спогодување на обвинителот со обвинетиот и тоа под законскиот минимум за тешко кривично дело со смртни последици – рече претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.






Во Стратегијата за национална за борба против корупција неказнивоста е препознаена како еден од клучните ризични фактори за корупција во правосудството. Затоа, нагласи таа, чувствуваме потреба како Комисија јавно да се обратиме до овие институции.

Поврзани содржини