Познатиот актер Кијану Ривс е среќен во новата љубов со својата девојка Александра Грант. Откако се охрабри да направи неочекувана промена во неговиот имиџ, Кијану одлучи и врската со својата избраничка да ја крене на повисоко ниво.
На почетокот на летото, актерот се пресели во Берлин, Германија, каде што го снима долгоочекуваното четврто продолжение од франшизата „Матрикс“, а деновиве завршува снимањето на споменатиот филм. Во текот на целото снимање друштво му прави неговата 47-годишна партнерка, визуелната уметница Александра Грант, која со него на извесно време се преселила во Германија.
Познато е дека причината за широката насмевка на лицето на Кијану Ривс е токму таа, и дека парот е навистина вљубен „до уши“. Според странските медиуми, 56-годишниот актер е одлучен во намерата во следните неколку недели да клекне на колена пред својата избраничка, и да ѝ го постави судбоносното прашање.
– Можеби ќе се венчаат во Германија. Супер им беше таму за време на снимањето. Тие живеат во некој свој балон додека е во сила карантинот, што ги зближи уште повеќе. Тие се усогласиле на сите полиња и нивниот однос дополнително се зацврсти – изјавил извор за странските медиуми.
„Кијану на своите пријатели им рече дека е подготвен да ја запроси својата девојка и тоа веројатно за време на божикните празници, бидејќи Александра ја смета за своја сродна душа. Сите се пресреќни поради нив и одвај чекаат официјално објавување на убавите вести“, заклучува изворот.
Кијану Ривс одамна покажа дека воопшто не се грижи за злобните јазици, кои неговата избраничка ја нарекуваат со погрдни имиња.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм