КИЈАНУ РИВС Е ЃАВОЛОТ ВО БЕЛИОТ ГРАД Приказната од 19 век повторно ќе оживее

Ривс ќе го толкува ликот на архитектот Даниел Бурнам, кој се обидува да испише историја со своите проекти, додека во градот се случуваат мистериозни убиства.

206

Кијану Ривс ќе глуми во телевизиска адаптација на бестселерот „Ѓаволот во белиот град“ (The Devil in the White City). Мартин Скорсезе, Ривс и Леонардо ди Каприо се спомнуваат како продуценти на ТВ-серијата, според ИМДБ.

Ривс ќе го толкува ликот на архитектот Даниел Бурнам, кој се обидува да испише историја со своите проекти, додека во градот се случуваат мистериозни убиства. Стрим-платформата „Хулу“ ја подготвува серијата со ограничен број епизоди.






Романот на Ерик Ларсон за „Замокот-убиец“, со приказна сместена на крајот на 19. век, беше објавен 2003 година. Холивуд подолго време е заинтересиран за негова филмска адаптација. Во 2010 година, Леонардо ди Каприо ги стекна правата – со замисла да ја одигра улогата на негативецот Холмс, под режисерската палка на Мартин Скорсезе.

Во соопштението на „Хулу“ засега не се наведува улогата на Ди Каприо, ниту пак е наведен датумот на издавање на оваа серија.

Поврзани содржини