КЕВИН СПЕЈСИ ВО ЗАГРЕБ ЈА ДОЧЕКА НОВАТА ГОДИНА Танцувал на хитовите на Северина

Оскаровецот пристигнал во Загреб во врска договорот за снимање на филм, а токму во главниот град на Хрватска ја дочекал и Новата година.

800

Холивудскиот актер Кевин Спејси пред неколку дена допатува во Загреб, Хрватска, за да преговара за нов филм, а како што пишуваат хрватските медиуми, Новата година ја дочекал во еден од загрепските клубови „Минт“ танцувајќи на хитовите на Северина.

Спејси се забавувал во друштво на својот менаџер Јуан Ловштајн, режисерот Јаков Седлар и неговиот син Доминик, како и продуцентот Фрај Јурај Прижмиќ во „Минт“. На видеата и фотографиите објавени на официјалната страна на клубот на Инстаграм, може да се види како актерот се дружи со домаќините во ВИП просторот.






Спејси бил добро расположен и со шампањско во раце ја дочекал Новата година, по што танцувал на песната „Италијана“ на Северина.

За неговата посета на Загреб пишува и британски „Дејли Мејл“, посочувајќи дека ваквото појавување во јавноста е редок случај откако претходните години повеќепати беше обвинет за сексуална злоупотреба.

Тие исто така истакнаа дека оваа посета доаѓа еден месец откако беше откриено дека ќе треба да плати отштета од 31 милион долари и адвокатски трошоци на продуцентот на серијата на „Нетфликс“ „Кука на картите“, во која ја толкуваше главната улога.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини