КЕВИН СПЕЈСИ ОБВИНЕТ ЗА УШТЕ СЕДУМ СЕКСУАЛНИ НАПАДИ Врз маж во периодот од 2001 до 2004 година

Актерот Кевин Спејси денеска е обвинет за уште седум сексуални напади во Велика Британија, јавува „Би-би-си“.

162

Актерот Кевин Спејси денеска е обвинет за уште седум сексуални напади во Велика Британија, јавува „Би-би-си“.

Имено, оскаровецот е обвинет од обвинителството за серија сексуални напади врз маж во периодот од 2001 до 2004 година. Обвиненијата вклучуваат три точки за непристоен напад, три точки од обвинението за сексуален напад и една точка за поттикнување на лице да се вклучи во сексуална активност без согласност, сите за истата наводна жртва.






Познатиот актер се соочува со судење кое ќе трае три до четири недели и треба да започне на 6 јуни следната година.

Потсетуваме, следната година актерот ќе се соочи и со судење во Лондон за четири сексуални напади кои наводно ги извршил во периодот од 2005 до 2013 година. Неодамна, судот во Њујорк го ослободи од обвиненијата дека се обидел да го нападне актерот Ентони Рап во 1996 година.

Спејси беше практично протеран од актерскиот свет пред пет години, откако голем број мажи го пријавија за сексуална злоупотреба. Нетфликс го исфрли од хит серијата „Куќа од карти“, а Кристофер Пламер мораше да влезе во улогата на Џон Пол Гети во „Сите пари во светот“ бидејќи никој повеќе не сакаше да работи со Спејси.

Поврзани содржини