КЕВИН КОСТНЕР, СЀ УШТЕ НЕОДОЛИВО ЗГОДЕН И НА 71 ГОДИНА Гала-проекција на историската драма со нераскажани приказни од американската граѓанска војна

Поминаа 35 години откако Кевин Костнер и Морган Фримен застанаа заедно пред камерата во култниот филм „Робин Худ: Принцот на крадците“. Сега овие две холивудски легенди се соединија, но овој пат како извршни продуценти на историска драма која ветува дека ќе ги открие нераскажаните приказни од Американската граѓанска војна

161

Кевин Костнер и Морган Фримен беа главните ѕвезди на црвениот тепих на гала-проекцијата на серијата „The Gray House“.

Костнер (71) изгледаше опуштено и, како што забележаа странските медиуми, сè уште „неодоливо згоден“, додека го славеа проектот што ги соедини по три и пол децении.






Серијата од осум дела, која се занимава со темата на Американската граѓанска војна, беше и повод за носталгични сеќавања на нивната соработка од 1991 година.

– Зачекоривме тогаш во таа митологија на Робин Худ, а тој веднаш беше достапен како човек, како актер. Ги имавме тие борби со мечеви и само се погледнавме… тоа беше навистина добар момент за двајцата – се присети Костнер во интервју за ET Online, не штедејќи пофални зборови за својот постар колега.

– Знаевме дека имаме навистина добро сценарио, исто како што имаме сега со „The Gray House“. Знаевме дека имаме одлична нова верзија на Робин Худ – додаде тој.

Фримен, од друга страна, се пошегува за сопственото сеќавање. Кога го прашуваат на што се сеќава од снимањето, тој одговара со смеа: „Се сеќавам дека се забавував добро. Тоа е отприлика сè. Поминаа 35 години, не се сеќавам на многу“.

Нераскажани женски приказни

Серијата „The Gray House“, која пристигнува на Amazon Prime Video на 26 февруари, е базирана на вистински настани. Заплетот ја следи Елизабет Ван Лу (ја игра Дејзи Хед), богата жена од Вирџинија која тајно водела шпионска мрежа за Унијата.

Костнер објасни дека моќта на приказната е она што ги привлекло и двајцата.

– Сè уште сме раскажувачи во нашата суштина. Пред сè, го препознавме ова како чиста забава – завиткано во вистинска приказна – вели тој.

Фримен забележува дека долгогодишната поврзаност на Костнер со американската историја, преку проекти како „Танц со волци“ и „Јелоустоун“, ја направила соработката природна.

– Ова се приказни што навистина вреди да се раскажат, особено оние за кои никој никогаш не знаел – заклучил Фримен.

Поврзани содржини