КЕВИН КОСТНЕР Ѝ ПОНУДИЛ НА ПРИНЦЕЗАТА ГЛАВНА УЛОГА ВО ФИЛМ За продолжението на филмот „Телохранител“ актерот зборувал лично со Дијана

По огромниот успех на филмот од 1992 година „Телохранител“ во кој глумат Кевин Костнер и Витни Хјустон, почнале да се шират гласини дека е на повидок продолжение на филмот со принцезата Дијана во главната улога.

218

Кевин Костнер разговарал со принцезата Дијана, преку Сара Фергусон, изразувајќи го својот интерес за продолжение на филмот „Телохранител“ каде што таа требало да игра принцеза, а Кевин да биде нејзин телохранител кој ќе ѝ го спаси животот.

Притоа, ветил дека ова ќе биде направено со вкус и дека тој ќе се грижи за неа, пишува Дејли Мејл.






Овие тврдења неодамна ги потврдил и поранешниот батлер на Дијана, Пол Барел, кој во својата најнова книга „The Royal Insider“ напишал:

– Дијана одби понуда да се пресели во професионалната сфера на нејзината идна снаа, Меган, и да стане актерка. Ја контактираа да се појави во „Телохранител II“ заедно со Кевин Костнер.

Ја поврзав со г-дин Костнер во дневната соба и слушнав како се смее и вели: „Но, јас не знам да пеам! Што би се очекувало од мене? Не сум сигурна, но да, во ред, испратете го и ветувам дека ќе го погледнам. На крајот од повикот ми кажа дека тој ѝ ја понудил главната улога во продолжението на големиот хит во кој главната улога ја имаше Витни Хјустон.

Таа требаше да игра принцеза, а Кевин да биде нејзин телохранител кој ќе ѝ го спаси животот. Тој вети дека ќе биде направено со вкус и дека тој ќе се грижи за неа.

Кевин Костнер првпат зборувал за откажаното продолжение на „Телохранител“, во 2012 година, велејќи дека заплетот ќе се врти околу тоа како тој ќе го штити ликот на принцезата Дијана.

Колку и да изгледало ова невозможно, Костнер потврдил дека разговарал со Дијана преку Сара Фергусон, изразувајќи го својот интерес за продолжение каде што ќе изгради филм околу неа.

Во книгата Пол Барел раскажува дека Дијана се насмевнала и рекла дека Костнер бил шармантен, но дека не може да биде сериозен.

– Но, тој беше исклучително сериозен и стигна сценариото за „Телохранител 2“. Не сум сигурен дека некогаш го прочитала, но беше поласкана. Таа учтиво ја одби можноста, велејќи: „Тоа е сосема невозможно“.

Сепак, се чини дека „сеќавањата може да се разликуваат“ кога станува збор за тоа како Костнер ја прашал Дијана и како таа одговорила.

Кевин првпат зборувал за прекинатото продолжение на „Телохранител“ во 2012 година, велејќи дека заплетот ќе се врти околу тоа како тој го штити ликот на Дијана од демначи и папараци пред нивната врска на крајот да стане романтична.

Костнер тврдел дека Дијана првично била согласна со филмот, велејќи му: „Мојот живот ќе се промени“.

Тој додал дека вториот пат кога разговарале, се согласиле за сцена со бакнување.

„Телохранител“ беше еден од филмовите со најголема заработка од почетокот на 1990-тите, со светска заработка од повеќе од 300 милиони фунти.

Повеќе од 42 милиони примероци од саундтракот беа продадени – светски рекорд – во голема мера благодарение на изведбата на Хјустон на песната „I Will Always Love You“ од Доли Партон.

Во првиот филм, Хјустон играше пејачка во улога која била напишана првично за Дијана Рос.

Нејзината изведба и успехот на филмот, накратко ја направија една од најплатените актерки во светот во средината на 1990-тите.

Идејата за продолжението наводно дошла за време на патувањето во Кина што Дијана го направила со Костнер, војвотката од Јорк и могулот за ресторани од Хонг Конг, Дејвид Танг.

Во последниве години, Костнер сподели дека неговиот однос со кралското семејство се влошил по смртта на Дијана.

Тој во „Шоуто на Хауард Стерн“ вели дека околу една година по смртта на Дијана, протекла информацијата дека го подготвувал продолжението со неа.

– Кралското семејство малку се налути на мене. И всушност стана малку грдо. И само стануваше сè погрдо и погрдо.
Тој раскажа како ѝ се обратил на Сара, војвотката од Јорк, која го запознала со принцезата Дијана, и побарал помош.

 

Во времето кога Кевин се обидувал да направи продолжение на „Телохранителот“, Дијана се разделила од Чарлс и била отуѓена од кралското семејство.

– Она што се случи беше дека почнав да разговарам со неа преку Сара и реков: „Слушај, ќе го снимам „Телохранител 2“ и мислам дека можам да го изградам ова околу тебе. Дали би те интересирало?“ А таа ми одговори: „Да. Мојот живот ќе се промени. Не навлегов баш во детали, но мислев дека разбирам што зборува. Беше многу слатка и разговаравме. Вториот пат кога разговаравме, таа праша: „Дали ќе има сцена со бакнување?“ Јас реков: „Дали сакаш да има?“

Таа рече: „Да“, а јас реков: „Тогаш ќе го направиме тоа.“ Немав намера да направам цела романса околу неа. Но, ќе имаше момент кога ќе го направевме тоа. И таа беше толку слатка во врска со ова – ракажал Костнер.
Години подоцна, Костнер случајно бил во Велика Британија и принцот Вилијам го контактирал за состанок.

– Никогаш не сум зборувал за ова, но можам поради тоа колку многу го почитувам.

Првата реченица што ја изговори му беше: „Знаеш, ѝ се допаѓаше на мајка ми“.

Наводно, Кевин му одговорил „Знам“ и разговарале околу половина час.

– Никогаш нема да кажам за што разговаравме, но беше многу мило – рекол Костнер.

Кога Дијана трагично почина во 1997 година, Костнер рече дека „не може да ја замени принцезата Ди“ и дека филмот никогаш нема да биде снимен.

Поврзани содржини