Кевин Харт жртва на серија кражби од над милион долари

220

Американскиот комичар Кевин Харт, наводно, бил жртва на серија кражби од свој вработен, кој „го олеснил“ глумецот за над милион долари.

Харт го тужи Дилан Сајер – својот личен „купувач“ кој работи за него од 2015 година. Според судските документи, кражбите се случиле меѓу октомври 2017 и февруари 2019 година, а штетата изнесува вкупно 1,2 милиони американски долари.






Сајер, според наводите, ја користел кредитната картичка на глумецот, за да ја полни својата сметка.

Првото рочиште е закажано за 17 февруари. Ако се докаже вина, Сајер се соочува со 25 години казна затвор.

Поврзани содржини