Кето диетата го намалува ризикот од ковид-19 

889

Кетогената диета го намалува ризикот од Ковид-19, а во случај на инфекција може да ги спречи нејзините тешки форми, објави „Тајмс оф Индија“.

Во студија објавена во списанието „Translational Medicine“ експертите истакнуваат дека малата содржина на јаглехидрати во исхраната ги намалува мастите и „лошиот“ холестерол во организмот и ја стабилизира количината на шеќер во крвта. Експериментите покажуваат дека оваа диета го зголемува нивото на кетонски тела во крвната плазма, кои го контролираат оксидативниот стрес во организмот и имаат антиинфламаторно дејство.






Кетогената диета може да помогне во зголемување на бројот на клетки кои пренесуваат рецептори на Т-лимфоцити кои имаат имуномодулаторно и антиинфламаторно дејство. Таквиот режим на исхрана може да го подобри функционирањето на адаптивните имунолошки клетки и да ги намали ризиците поврзани со Ковид-19, посочува „Тајмс оф Индиа“.

Поврзани содржини