КЕТИ ПЕРИ ВО ПУБЛИКА, ЏАСТИН ТРУДО НА СЦЕНА Пејачката го следеше говорот на својот партнер на Светскиот економски форум во Давос
Поранешниот премиер Џастин Трудо зборуваше на Светскиот економски форум во Давос за важноста на меката моќ и пристапот усмерен на човекот во геополитиката. Нему му се придружи неговата партнерка и поп-ѕвезда Кети Пери, која го слушаше од првиот ред.
Поп-ѕвездата Кети Пери и поранешниот канадски премиер Џастин Трудо го привлекоа вниманието на новинарите во Давос, каде што се одржува Светскиот економски форум.
Овојпат, Пери седеше во првиот ред, а Трудо на сцената кадешто зборуваше за важноста на меката моќ и пристапот усмерен на човекот во геополитиката. Потоа, двајцата го напуштија местото држејќи се за раце.
Врската очигледно се развива во вистинска насока и парот споделува се повеќе заеднички моменти. За време на празниците пејачката објави фотографии на кои тие споделуваа романтични моменти.
Да потсетиме, гласините за романсата на Пери и Трудо започнаа во текот на летото, кога беа забележани на состанок во Монтреал. Извори подоцна тврдеа дека Трудо бил особено упорен и патувал да ја види за време на нејзините паузи од турнеите, а во декември беше објавено дека врската станала посериозна.