Кети Пери сакала да се самоубие кога раскинала со Орландо Блум, ѝ помогнала една работа

959

Пејачката Кети Пери откри дека во 2017 година размислувала за самоубиство поради тешките приватни и деловни моменти. Имено, таа година раскинала со сегашниот свршеник, актерот Орландо Блум, а нејзиниот албум „Сведок“ не ги исполнил очекувањата.

Славната 35-годишна пејачка, која го очекува своето прво дете со 43-годишниот актер, признала дека таа година била на дното.






– Долго време, мојата кариера се движеше само кон врвот и тогаш се случи тоа што не го очекував … Ми се чинеше како крај на светот. И додека другите можеби дури не го ни забележаа тоа, за мене тоа беше крајот на светот и се скршив. Во тој период, јас исто така раскинав со моето момче, кое денес е татко на детето што наскоро ќе го добиеме – рекла Пери.

Исто така открила дека верата ѝ помогнала да се излекува со текот на времето.

– За мене беше важно да се скршам за да можам повторно да се изградам и да пронајдам мир на поинаков начин. Верата и благодараноста се веројатно она што ми го спаси животот, затоа што ако не ги пронајдов, таа тага веројатно ќе ме натераше да завршам со мојот живот – признала пејачката.

Кети веќе еднаш зборуваше за нејзините приватни емотивни борби и самоубиствени мисли кои ѝ се појавувале откако донесе одлука да се разведе од комичарот Расел Бренд пред неколку години.

 

 

Поврзани содржини
na