Кети Пери и Орландо Блум добија ќерка ФОТО

559

Пејачката Кети Пери во средата роди девојче по име Дејзи Доув Блум. Ова е нејзино прво дете кое го доби со свршеникот, актерот Орландо Блум.

Двојката ја сподели среќната вест на Твитер, со црно-бела фотографија на која ја држи раката на нивната штотуку родена ќерка. Фотографијата ја споделија преку официјалниот налог на УНИЦЕФ – добротворната организација во која и двајцата се Амбасадори на добрата волја.






Кети и Орландо се запознаа на забавата приредена по доделувањето на Златен глобус во 2016 година, а се свршија минатата година на Денот на вљубените.

ФОТО: Tviter

Поврзани содржини