🎥 КЕТИ ПЕРИ ЈА ФРЛИ РОДЕНДЕНСКАТА ТОРТА, ТАНЧЕРИТЕ ЈАДЕА ОД ПОДОТ Интернетот е преполн со критики за поп-ѕвездата
Поп-ѕвездата Кети Пери е остро критикувана на социјалните мрежи откако ја уништи својата роденденска торта фрлајќи со неа по човек облечен во костум и со слушалки, а нејзините танчери ја дегустираа директно од подот.
Поп-ѕвездата Кети Пери го прослави 41-от роденден зад сцената во текот на нејзината тековна турнеја „Лајфтајмс“. Сè уште облечена во костум од шоуто, Пери беше снимена опкружена со членовите на нејзината екипа додека ги дуваше свеќичките на големата торта.
Потоа ја зеде тортата и се обиде да ја фрли кон маж облечен во костум кој носеше слушалки, но промаши, и таа заврши на подот. Нејзините танчари сепак ја дегустираа, но директно од подот, пренесува „Пејџ сикс“.
За Кети ова беше забавно, па почна да се смее, со што предизвика бура од реакции на интернет.
Една корисничка на „Икс“, која тврди дека нејзината мајка била таа што ја направила тортата, го објави видеото со коментар.
– Мајка ми беше воодушевена што имаше можност да направи торта за Кети Пери. Вложи многу труд, и искрено сум збунета и разочарана што Кети се однесуваше вака – напиша таа.
Иако повеќето коментари беа негативни, имаше и некои кои ја бранеа велејќи дека некои познати личности намерно ги „уништуваат“ тортите донирани од обожаватели од безбедносни причини.
– Понекогаш ѕвездите го прават ова за да избегнат евентуално труење. Само што повеќето го претставуваат како случајност.
 
			