КЕРИ И ФАЦА ПОВЕЌЕ НЕ СЕ ПРИЈАТЕЛИ „Ова беше болно и влијаеше на сè“
71-годишниот актер тврди дека неговата поранешна колешка од „Сексот и градот“ дури и не му се јавила за да ја чуе неговата страна од приказната пред јавно да ги поддржи жените што го обвинија за сексуален напад во 2021 година, пишува Page Six.
Крис Нот, најпознат во јавноста како Фаца, по улогата во серијата „Сексот и градот“, откри дека тој и Сара Џесика Паркер повеќе не се во контакт поради нејзината реакција на обвинувањата за сексуален напад упатени против него во 2021 година.
71-годишниот актер тврди дека неговата поранешна колешка од „Сексот и градот“ дури и не му се јавила за да ја чуе неговата страна од приказната пред јавно да ги поддржи жените што го обвинија, пишува Page Six.
Појавувајќи се во подкастот „Really Famous with Kara Mayer Robinson“, Нот ја нарече заедничката изјава потпишана од Паркер и нејзините колешки Синтија Никсон и Кристин Дејвис разочарувачка. Тој истакна дека е „прилично очигледно“ дека неговото долгогодишно пријателство со Сара Џесика е завршено.
– Таа нивна изјава – која всушност беше само ПР и контрола на штетата – беше тажна и изненадувачка. Ме познавате со години, соработуваме со децении. Пред да излезете јавно, треба да ми се јавите и да ја чуете мојата страна од приказната – рече огорчено Нот.
Актерот, чиј лик Фаца беше убиен веднаш во првата епизода од продолжението, додаде: „Разбирам дека Холивуд е таков, но штета што никој не ми се јави за да ја чуе вистината. Целата оваа ситуација ми покажа кои се моите вистински пријатели. Ако улогите беа обратни, апсолутно ќе ѝ се јавев на Паркер пред да се даде какво било соопштение. Ова беше болно и влијаеше на сè“.
Во 2021 година, три жени го обвинија Нот за сексуален напад, што тој категорично го негираше. Набргу потоа, главните ѕвезди од серијата објавија заедничка изјава: „Длабоко сме тажни поради обвинувањата против Крис Нот. Ги поддржуваме жените кои се јавија и ги споделија своите болни искуства. Знаеме колку е тешко и ја пофалуваме нивната храброст“, изјавија актерките во тоа време.
Порано овој месец, Нот повторно крена прашина објавувајќи фотографија од теретана. На коментарот на еден следбеник во кој се сугерираше дека пораката на Нот всушност била насочена против СЈП и нејзината неодамнешна награда, актерот отсечно одговори: „Точно така“.
Подоцна се обиде да ја намали важноста на ситуацијата, нарекувајќи го својот одговор „благо саркастичен коментар што непотребно предизвика бура во шолја чај“.
Во текот на 2025 година, Нот повтори дека обвинувањата за силување се лажни, но призна дека ѝ бил неверен на сопругата Тара Вилсон. Тој инсистираше дека сите врски надвор од бракот биле спогодбени.
– Ја изневерив сопругата и тоа беше катастрофално за неа, не е убава слика. Но, она што го направив не беше кривично дело – изјави тој за „Ју-Ес-Еј Тудеј“. Нот и Вилсон се во брак од 2012 година и имаат два сина, Орион (18) и Китс (5).